ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ХОРОР: Го киднапирале, однеле во Парк шумата Гази Баба, го соблекле, му...

ХОРОР: Го киднапирале, однеле во Парк шумата Гази Баба, го соблекле, му ја запалиле облеката, па го силувале

237

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца 22-годишни скопјани за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 5 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

На 2 декември, обвинетите на свиреп начин му ја одзеле и ограничиле слободата на движење на едно лице кое наводно им должело 150 евра, така што против негова волја го однеле во Парк шумата Гази Баба, го соблекле и му ја запалиле облеката и личните работи, а потоа присилно извршиле и други полови дејствија кон него.