Тетовската полиција попладнево го лиши од слобода лицето кое усмрти две лица во селото Челопек, а трето лице е повредено, пренесе Слободен Печат.
-Денеска (27 декември) полициски службеници од СВР Тетово во тетовското село Челопек го лишија од слобода И.И. ( на возраст околу 60 години) од ова село постапувајќи по пријава дека околу 14 часот и 10 минути во селото со огнено оружје усмртил двајца негови роднини, а еден повредил. Осомничениот, исто така, се здобил со повреди, најверојатно од огнено оружје, соопшти полицијата.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Новинарските екипи веќе се пред болницата во Тетово во очекување на нови информации за состојбата на повредениите, како и за состојбата на лицето кое смртно застрела двајца роднини, како и во селото Челопек кое е под полициска опсада по двојното убиство кое се случи денеска околу 14 часот.
Извор+Видео: Слободен печат