ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Најновите вести за екстрадицијата на Палевски не се позитивни – ЕВЕ што...

Најновите вести за екстрадицијата на Палевски не се позитивни – ЕВЕ што откри министерот Лога

138

Од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда велат дека е мала можноста за Палевски да побара азил во Турција.

Нема нова информација до каде е процесот за екстрадицијата на првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски-Палчо, изјави денеска министерот за правда, Кренар Лога.

– Досега немаме никаква информација дополнително да ја споделуваме со вас. Кажавме и минатиот пат на прес-конференција и со премиерот, кога и да имаме тоа ќе биде споделено со јавноста – изјави Лога.

Претходно, од Секторот за меѓународна правна помош во Министерството за правда информираа дека постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција била изготвена истиот ден откако е добиено официјалното известување од МВР за апсењето на Палевски.

Оттаму појаснуваа дека постапката за екстрадиција во ваквите предмети трае неколку месеци, а исклучок се само случаите на скратена постапка кога лицето прифаќа да биде екстрадирано. Сè што сме работеле со Турција, велат од Секторот, вклучено е и Министерството за надворешни работи, бидејќи како што појаснија, Турција има ставено резерва на вториот протокол на Конвенцијата за екстрадиција.

Од секторот известуваа дека барањето за екстрадиција на Палевски до Турција е испратено преку три канали, директно преку ДХЛ, преку Министерството за надворешни работи, како и скенирана копија преку Интерпол.

Се наведуваше дека мала е можноста за Палевски да побара азил, бидејќи како што велат од Секторот, барање за азил се поднесува веднаш откако ќе влезете во државата.

Истрагата за убиството на 14. годишната Вања Ѓорчевска и 74 – годишниот велешанец Панче Жежовски започна на почетокот на овој месец и во неа, покрај Палевски, кој е осомничен за кривичните дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“, за соизвршителство се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје.

Претходна(ВИДЕО) Хорор го потресе Тетово: Убил две лица, полицијата веднаш го уапси
СледнаВеднаш е решено се: Спасовски откри зошто се случило убиството во Тетово –