ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Хорор го потресе Тетово: Убил две лица, полицијата веднаш го уапси

(ВИДЕО) Хорор го потресе Тетово: Убил две лица, полицијата веднаш го уапси

136

Тетовската полиција попладнево го лиши од слобода лицето кое усмрти две лица во селото Челопек, а трето лице е повредено, пренесе Слободен Печат.

-Денеска (27 декември) полициски службеници од СВР Тетово во тетовското село Челопек го лишија од слобода И.И. ( на возраст околу 60 години) од ова село постапувајќи по пријава дека околу 14 часот и 10 минути во селото со огнено оружје усмртил двајца негови роднини, а еден повредил. Осомничениот, исто така, се здобил со повреди, најверојатно од огнено оружје, соопшти полицијата.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Новинарските екипи веќе се пред болницата во Тетово во очекување на нови информации за состојбата на повредениите, како и за состојбата на лицето кое смртно застрела двајца роднини, како и во селото Челопек кое е под полициска опсада по двојното убиство кое се случи денеска околу 14 часот.

Извор+Видео: Слободен печат

ПретходнаАрсовска: ВМРО-ДПМНЕ е власт во Скопје – јас се борам сама против сите нив
СледнаНајновите вести за екстрадицијата на Палевски не се позитивни – ЕВЕ што откри министерот Лога