Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук изјави дека Украина извршила воздушен напад врз Феодосија на Крим и тврди дека во нападот бил уништен рускиот десантен брод „Новочеркаск“ од Црноморската флота.
Украинските воздухопловни сили утрово соопштија дека уништиле голем руски десантен брод стациониран во водите на Крим, откако бил извршен воздушен напад врз кримското пристаниште Феодосија, пишува Ројтерс.
🔥 A large landing ship Novocherkassk was destroyed in Crimea https://t.co/jV0wIisjTh pic.twitter.com/sgwNudHETE
— Slava 🇺🇦 (@Heroiam_Slava) December 26, 2023
Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук изјави дека Украина извршила воздушен напад врз Феодосија на Крим и тврди дека во нападот бил уништен рускиот десантен брод „Новочеркаск“ од Црноморската флота.
„Руската флота станува се помала. Имаше голема експлозија“, рекол Олешчук на својот канал на Телеграм.
Ројтерс пренесува дека Олешчук не презентирал никакви докази за ова.
Претходно, шефот на Крим, Сергеј Аксјонов објавил дека украинските сили извршиле напад во областа Феодосија, дека имало пожар во пристаништето, но дека е изгаснат.
Бонус видео: Зошто не треба да го користите мобилниот додека се полни