ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Хаос во Тетово: Деца го запалија дрвото пред Музеј на тетовски...

(ВИДЕО) Хаос во Тетово: Деца го запалија дрвото пред Музеј на тетовски крај (Дом АРМ)

155

Околу 20:15 вечерва избувна пожар на едно од дрвјата пред зградата на Музеј на тетовски крај (Дом АРМ) во Тетово кој бил изгаснат за кратко време од тетовските пожарникари.

Директорот на Музејот, Миќо Стојчевски информираше дека пожарот настанал поради деца кои употребувале пиротехнички материјали.

– На снимките од надзорните камери видов дека пожарот настана откако деца кои застанати пред објектот запалија пиротехнички материјали, нешто како огномет. Од тоа се запали дрвото, но за среќа веднаш пристигнаа пожарникарите кои за 15-тина минути го изгасија пожарот, рече Стојчевски.

ПретходнаФОТО: Таму живеат и многу Македонци – страотна поплава во Германија, итно се евакуираат жителите
СледнаРАНО УТРИНАВА: Русија се разбуди во шок – Украина нападна силно, уништен важен руски брод