ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Поголем дел од Карпош без струја поради испад на трафостаница

Поголем дел од Карпош без струја поради испад на трафостаница

44

Општина Карпош информира дека поради испад на трафостаница без електрична енергија е поголем дел од општина Карпош и тоа населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани.

-Од ЕВН не информираа дека нивните екипи се веќе на терен и работат на поправка на дефектот, велат од Општина Карпош.

Се огласија и од ЕВН. Оттаму велат:

-Поради испад на 100/35/10 кВ трафостаница „Запад”, дел од Карпош остана без снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од општината. Се продолжува со работа се до потполно отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето за сите засегнати корисници, ни одговорија од ЕВН.