Малолетник е прободен кај трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, а сторителот е веднаш приведен. Инцидентот се случил денеска околу 13.30 часот.
Како што дознава „Република“, неофицијално, станува збор за меѓусебна кавга која ескалирала во оружена пресметка.
Инцидентот бил пријавен од случаен минувач во СВР Скопје, по што полицијата веднаш реагирала и сторителот бил фатен. Тој бил една година повозрасен од прободеното лице.
Следуваат повеќе детали.