ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Кривична за началник поради бонус плата на вработен, кој повеќе од 21...

Кривична за началник поради бонус плата на вработен, кој повеќе од 21 ден отсуствувал од работа

539

Полиција поднесе кривична пријава против Б. З., поранешен вработен во МВР, на работно место началник на Одделението за обезбедување на Владата на РСМ, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба по член 353 од КЗ.

Пријавениот како началник ја злоупотребил службената положба и овластувањето на начин што на полициски службеник вработен во Одделението со кој раководел му овозможил да стекне право за исплата на бонус плата за 2023 година иако не го исполнил условот утврден во Законот за работните однос, односно да нема отсуство од работа повеќе од 21 ден во текот на годината.

Пријавениот го ставил полицискиот службеник на списокот на полициски службеници што ги оствариле условите за исплата на бонус плата за 2023 година врз основа на што на полицискиот службеник му било изготвено решение со кое му било утврдено право за исплата на бонус плата за 2023 година и му биле исплатени пари на неговата трансакциска сметка во износ од 36.614 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.