Македонската женска сениорска ракометна репрезентација го доби противникот за баражот за пласман на Светското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во Германија и Холандија.
Ние на денешната ждрепка во Виена се најдовме во вториот шешир и добивме навистина незгоден ривал во селекцијата на Полска. Полска е репрезентација која оствари две победи во првата фаза на Европското првенство и тоа против Португалија и Шпанија, а во вториот дел загуби од Шведска, Унгарија и Црна Гора пред да ја совлада Романија.
Првите натпревари се на програмата на 9/10 април, додека реваншите ќе се играат на 12/13 април 2025 година.
Двата домаќини, светскиот првак Франција и трите најдобропласирани екипи од ЕП, (Норвешка, Данска и Унгарија) се пласираа на Мундијалот без да играат дополнителни квалификации.