28-годишна девојка е тешко повредена откако со возило удрила во метална ограда.
-На 04.12.2024 во 07.58 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен–Битола, кај место викано „Сопотски ливади“, патничко возило „опел корса“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.К.(28) од Ресен удрило во метална заштитна ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Клиничката болница Битола, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.