ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Млада жена со тврд предмет нападнала маж среде ден во Аеродром

Млада жена со тврд предмет нападнала маж среде ден во Аеродром

62

22-годишна жена од струмичко со тврд предмет нападнала 50-годишен скопјанец во Аеродром.

– На 17.09.2024 во 12.25 часот во СВР Скопје, Г.Х.(50) од Скопје пријавил дека во 12.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од И.Р.(22) од село Баница, струмичко, која употребила и тврд предмет, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.