ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Едно лице почина од западно-нилска треска на Инфективната клиника

Едно лице почина од западно-нилска треска на Инфективната клиника

24

78 годишно лице почина од кочанско Чешиново-Облешево, поради компликации од западно-нилска треска. Лекарите велат дека не патувал никаде и е заразен во земјава.

Според Институтот за јавно здравје ова е четврти и последен случај, тестиран во ИЈЗ на 12.09., кој бил хоспитализиран на Инфективната клиника. Резултатите се испратени до Агенцијата за храна и ветеринарство како и до Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

„Од нашата епидемиолошка анкета, се забележува дека човекот изјавувал дека има вознемиреност, губиток на свест, температура, омалаксаност. Можам да кажам дека западно-нилската треска 80% не дава симптоми, 20% се со благи симптоми на грип, а помалку од 1% може да биде зафатен централниот нервен систем, така што може да даде енцефалит или менингит.“ – Марија Андоновска-в.д директорка на Институт за јавно здравје.

Директорот на Инфективна вели дека пациентот бил донесен на клиниката на 10.09. кој претходно бил прегледан во Општа болница Кочани, па препратен во Клиничка болница Штип, а од Штип е упатен во Скопје. Кај пациентот било констатирано дека се работи за воспаление на мозок, бил примен на Клиниката за инфективни болести и се продолжило со додијагностицирање. Потенцира дека 80% од пациентите со западно-нилска треска се асимптоматски, а околу 19 % се со блага клиничка слика.

Претходно од ИЈЗ соопштија дека во кочанско е забележано присуство на комарци, поради што се преземаа мерки и активности за прскање и дезинсекција. Од Институтот, од почетокот на оваа година досега регистрирале вкупно 30 тестирања за заподно-нилска треска, од коишто четири се потврдени случаи како позитивни.

Првиот случај е тестиран во април и лицето е од Струмица вратен од Кенија. Вториот случај од Кочани вратен од Тунис, кој во јули бил тестиран во ИЈЗ. Третиот случај е од ИЈЗ во август месец, лицето е од Тетово и при епидемиолошката анкета не изјавил дека некаде патувал. Институтот во моментов е снабден со тестови за детектирање на западно-нилската треска.