ПОЧЕТНА СВЕТ ВИДЕО: Големи поплави во Централна Европа – мртви, исчезнати и многу разурнувања

ВИДЕО: Големи поплави во Централна Европа – мртви, исчезнати и многу разурнувања

3116

Критична ситуација во Централна Европа. Таму продолжуваат да се борат со обилните дождови и поплавите.

По Полска, Чешка и Романија, циклонот што го помина овој дел од континентот предизвика уништување и во Словачка, Унгарија и Австрија. Пријавени се поплави, затворање патишта, проблеми со електричната енергија и опасно високи нивоа на реки.

Невремето „Борис“ го одзеде животот на едно лице во Полска . Во Чешка, поплавите доведоа до евакуација и 51.000 домаќинства во северните региони на земјата беа погодени од прекини на струја. Четири лица се водат како исчезнати. Во главниот град Прага се поставени бариери за поплави. Борис“ им ги одзеде животите на четири лица во Романија.