ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Тешко повреден 30-годишник од Струмичко, изгубил контрола врз мопед и паднал на...

Тешко повреден 30-годишник од Струмичко, изгубил контрола врз мопед и паднал на коловозот

231

Вчера во 17.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат 1403, делница помеѓу селата Борисово и Колешино, струмичко, 30-годишниот О.Г. од село Старо Коњарево, струмичко, управувајќи мопед „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, извести МВР.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Струмица“, соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.