ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ТРАГЕДИЈА: Загина маж по удар на возот кој тргнуваше од Скопје

ТРАГЕДИЈА: Загина маж по удар на возот кој тргнуваше од Скопје

1694

На железничката пруга кај булеварот „Србија”, на излез од населбата 11 Октомври, синоќа воз удрил човек на возраст од околу педесет години.

Од ударот, тој починал на местото на несреќата, потврдија утрово за МИА од Итната медицинска помош во Скопје.

Станува збор за возот Скопје – Битола, кој тргнува од главната Железничка станица во 20:05 часот и кој после несреќата имаше застој од над три часа.