ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Детали за сообраќајната несреќа кај Прилеп: загина 21-годишно момче, се судриле три...

Детали за сообраќајната несреќа кај Прилеп: загина 21-годишно момче, се судриле три возила

721

Младо момче загина во тешката сообраќајна несреќа, што вчера попладне го затвори патот Прилеп – Битола.

Според деталите од полицијата, несреќата се случила на излез од Прилеп, а во неа учествувале три возила.

Загинатиот е 21-годишниот С. С. од Прилеп. Неговиот автомобил „рено“ се судрил со товарно возило управувано од К. И. (58) од Кавадарци и „рено меган“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г. И. (39) од Ресен.

Младото момче загинало на самото место, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Возачот на товарното возило К. И. и неговиот сопатник З. П. (48) од Кавадарци добиле телесни повреди, констатирани во Градската општа болница во Прилеп.

Извршен бил увид.