ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Струјата за домаќинствата поскапува за 0,4 проценти

Струјата за домаќинствата поскапува за 0,4 проценти

12

88 проценти од домаќинствата од први јули ќе плаќаат за само 0.4% поскапа струјата, со минималното покачување на цената, според првиот регулатор, Марко Бисломовски нема да има ценовни шокови за граѓаните.

Во првиот блок промени во цената нема, во вториот има зголемување од 0.85 проценти, во третиот 1.92, и во четвриот блок 1.88. Минимално покачување има и кај евтината тарифа, чија цена ќе биде повисока за 0.65 проценти.

Како што појаснија од регуларна сметка од 2 000 денари ќе се зголеми за само 8 денари. Граѓаните кои плаќале сметка пак, од 3 000 денари од следниот месец ќе плаќаат 3 012 денари.

Новата цена на електричната енергија за малите потрошувачи и домаќинствата ќе важи од 1 јули. На тендерот што го распиша универзалниот снабдувач ЕВН Хоме беше прифатена цената на ЕСМ од 60 евра за мегават час, за покривање на 85 проценти од потребите, додека за останатите 15 проценти беа пристигнати три понуди, но ниту една не беше прифатена поради тоа што понудите биле повисоки од моменталните цени.

Во меѓувреме во Собранието беа усовоени и измените и дополнувањата на Законот за енергетика, со кои маржата се намали од 11.5 на 9.9 проценти.

Дополнително во регулаторна во тек се и анализите кои треба да покажат дали постои можност во зимските месеци наместо 2 граѓаните да добијат 3 часа евтина дневна тарифа.