ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Нашата иднина: 268 матуранти паднаа на државната матура

Нашата иднина: 268 матуранти паднаа на државната матура

111

Образованието е во слободен пад, секоја година се полош е просекот кај матурантите. 268 препишувачи паднаа на тестовите од државна матура. 32 тестови се поништени само во средното Арсени Јовков во Скопје.

За набљудувачите кои дозволија препишување нема закон кој може да ги санкционира. Министерката најави законски измени и во овој дел. Се разгледува опцијата следната година да се полага во амфитеатрите на факултетите и да се постават блокатори.

Оваа генерација матуранти едвај извлекоа 3ка. Надлежните велат просекот е понизок но пообјективен во споредба со претходните години

Од понеделник тече рокот, матурантите кои не положиле ќе можат да се пријавт да полагаат во август.