ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Деспотовски: Изборите во недела ќе бидат референдум за СДСМ

Деспотовски: Изборите во недела ќе бидат референдум за СДСМ

53

ДСМ нема да се обедини околу човек туку околу јасен став, принципи и нов почеток, а изборите во недела ќе бидат референдум за партијата, вели во интервју за Канал 5 кандидатот за претседател на СДСМ, Деспотовски.

СДСМ нема да се обедини околу човек туку околу јасен став, принципи и нов почеток, а изборите во недела ќе бидат референдум за партијата, вели во интервју за Канал 5 кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски. Според него потребно е да се врати довербата од членството и како што вели изгубените вредности во партијата. Очекува крајниот збор да го има членството, а не структурите во партијата.