ПОЧЕТНА СВЕТ Случајот со Данка нема да се разреши уште неколку месеци, тврди адвокатот...

Случајот со Данка нема да се разреши уште неколку месеци, тврди адвокатот на осомничениот

12

Срѓан Јанковиќ ја негираше вината за убиството на двегодишната Данка Илиќ, повторувајќи дека никогаш не го ни видел девојчето.

Според Вишото јавно обвинителство Заечар, тој денеска бил донесен за да се расветлат некои од околностите од претходната изјава, која ја дал на 4 јуни, откако дотогаш се бранел со молчење.

– Обвинителот на денешното рочиште на осомничениот Срѓан Јанковиќ употреби дополнителни прашања за да ги провери исказите на неговата одбрана од 4 јуни, а согласно состојбата на работите во списите на предметот – наведуваат од обвинителството во заечар.

Бранителот на Срѓан, адвокатот Живорад Богдановиќ, потврди дека неговиот клиент изјавил дека не е виновен.

– Тоа беше едноставно појаснување на некои детали од неговата изјава, која беше пред петнаесетина дена. Јанковиќ ја изнесе својата одбрана и одговараше на прашања – рече Богдановиќ.

Тој додаде дека случајот најверојатно нема да се разреши уште неколку месеци.

– Обвинителството планира да сослуша уште некои сведоци, не се пристигнати сите вештачења, така што овој случај сигурно нема да се разреши до крајот на септември – додаде адвокатот Живорад Богдановиќ во изјава за медиумите.

ПретходнаСтрашно: Новороденче почина во Битолската болница, таткото вели 18 часа не му кажувале што се случува со него
СледнаПолувреме: Лаци за водство од 1:0, Албанците во транс, очајна Хрватска! (ВИДЕО)