ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Страшно: Новороденче почина во Битолската болница, таткото вели 18 часа не му...

Страшно: Новороденче почина во Битолската болница, таткото вели 18 часа не му кажувале што се случува со него

1689

Новородено машко бебе починало во Битолската болница.

Оттаму велат дека бебето било пренесено на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде велат дека бебето било донесено во клиниката без знаци на живот.

На новороденчето му се влошила состојбата по раѓањето во битолската болница, а таткото Драгољуб Китоски тврди дека 18 часа не му било соопштено дека нешто со неговото дете не е во ред, а со тоа му била одземена можноста да го спасува во други болници.

-Моето бебе Лука беше родено добро во битолската болница во петокот, но од мистериозни причини, после 18 часа криење од страна на персоналот на неонатологија во болницата во Битола ми беше соопштено дека е во критична состојба и мора да се транспортира итно за Скопје, а неколку часа подоцна ни се јавија дека го изгубиле за време на транспортот, вели за „Слободен печат“ Драгољуб Китоски од Ресен, татко на бебето.