ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА И портрет на Џафери ќе ја краси Владата крај портретите на досегашните...

И портрет на Џафери ќе ја краси Владата крај портретите на досегашните премиери

83

Техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук се попфали дека во Владата е истакнат и неговиот портрет како премиер на техничката Влада, која следниот викенд се очекува да биде сменета со новата влада предводена од Христјан Мицкоски.

Портретот на Џафери го насликал уметникот Едмонд Драми.

-Благодарам Едмонд Драми за маестралното сликање на мојот премиерски портрет. Ти посакувам понатамошни успеси во уметничкото патешествие! – напиша Џафери на Фејсбук.

ПретходнаБеса, ЗНАМ и Алтернатива ги објавија кандидатите за министри, денес и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потврди своите адути
СледнаКако се честита Курбан Бајрам