ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Албанија поведе со најбрзиот гол во историјата на ЕП, но Италија оди...

Албанија поведе со најбрзиот гол во историјата на ЕП, но Италија оди на полувреме со предност

245

Aктуелниот европски шампион Италија има водство од 2-1 на полувреме против Албанија на „Сигнал идуна“ паркот во Дортмунд, на натпреварот од 1. коло од групата Б на Европското првенство во Германија.

Фудбалерите на Албанија стигнаа до шокатно водство од 1-0 откако уште во 23. секунда Бајрами го матираше Донарума. Овој гол е и најбрз во историјата на Европските првенства.

Целосен пресврт направи уште еден фудбалер на Интер, Николо Барела (2-1) со својот погодок во 15. минута.