ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЦУК: Вкупно 18 пожари на отворено, сите изгаснати

ЦУК: Вкупно 18 пожари на отворено, сите изгаснати

21

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 024 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 59,78%, а 40,22% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,92%, кон Итната медицинска помош 26,53%, a кон пожарникарите 3,75% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 834 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (6,80%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (44,25%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК)

ЦУК информира дека имаше 18 пожари на отворено во последното деноноќие, сите се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема.

Пожарите на отворено беа во општините: Гази Баба три пожари, покрај ул.„Зендел Џемаили“ (ниска вегетација и ѓубре), кај с.Идризово (ниска вегетација) и кај с.Смилковци(ѓубриште); Аеродром во реон на Долно Лисиче(ниска вегетација); Зелениково,кај с.Смесница(ниска вегетација); Кисела Вода, покрај ул.„Малешевска“ бб (ниска вегетација);Бутел, покрај ул.„Булевар Словенија“ бб (ниска вегетација и ѓубре); Центар, покрај ул.„Лазар Личенски“ (ниска вегетација); Битола, во атар на с.Гермијан (жито); Кривогаштани, кај с.Кривогаштани (ниска вегетација); Прилеп, кај с.Беровци (ниска вегетација); Струмица, кај с.Гачерлија(депонија); Струга, во атар на с. Велешта(стрниште); Кичево, кај с.Пренка(стрниште); Кавадарци, с.Мрена(ниска вегетација, суви багреми и напуштено лозје); Неготино, покрај патен правец Неготино – Градско (ниви); и во Општина Лозово два пожара: кај с.Лозово (ниска вегетација) и кај с.Милино (ниска вегетација);