ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР (Видео) Хрватска победи во Португалија, овации за Модриќ

(Видео) Хрватска победи во Португалија, овации за Модриќ

23

Хрватска славеше во Португалија со 2:1 во генералната проба пред стартот на Европското првенство.

Главен фактор во победата на Хрватите беше 38-годишниот Лука Модриќ, кој му донесе водство на својот тим од пенал во осмата минута.

Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме. по три минути игра во вториот дел изедначи Диого Жота, а конечниот резултат го постави Анте Будимир во 56. минута. Пред голот на напаѓачот на Осасуна Модриќ ја напушти играта и доби аплаузи на отворена сцена.

На претстојното Европско првенство Хрватите ќе играат во групата Б со актуелните шампиони Италија, Албанија и Шпанија, со кои првиот меч ќе го одиграат во сабота на 15 јуни.

Португалците имаат уште еден подготвителен натпревар против Ирска за три дена, пред да се пресметаат со Чесите, Турците и Грузијците во групата Ф.

ПретходнаДимитриевски и Мицкоски на коледарско гравче на фестивал во Куманово
СледнаУтрово посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка