ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Во Јунајтед започна целосен ремонт. Клубот го потврди заминувањето на седуммина од...

Во Јунајтед започна целосен ремонт. Клубот го потврди заминувањето на седуммина од Олд Трафорд

121

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД во последен момент успеа барем делумно да ја спаси сезоната. Избраниците на Ерик тен Хаг завршија само осми во првенството, потполно потфрлија во Европа, а со освојувањето на ФА Купот изборија пласман во Лигата на Европа. На славниот клуб му претстои лето во кое ќе треба да направи целосен ремонт на соблекувалната и да доведе неколку играчи со кои би атакувале за врвот.

Но, за тоа е потребно и раскинување на договорите со играчи кои не се вклопуваат во плановите на холандскиот селектор. Така Јунајтед на својата официјална веб-страница објави дека значителен број фудбалери ќе го напуштат клубот ова лето.

Двете најпознати имиња се секако Ентони Марсијал и Рафаел Варан. Марсијал пристигна од Монако во 2015 година за 60 милиони евра, но никогаш не можеше да ги оправда вложените пари, а Варан на Олд Трафорд стана само сенка на стоперот кој беше во Реал. Брендон Вилијамс, еден од некогаш најталентираните крилни играчи на Јунајтед, исто така го напушта клубот.

Заедно со оваа тројка поискусни играчи, Јунајтед официјално го напуштија и младите Чарли Мекнил, Маркус Лоренс и Ки Пламли. Исто така, клубот нема да ја продолжи соработката со ветеранот Том Хадлстон, кој беше тренер на младиот тим.

Од друга страна, клубот потврди дека се уште е во преговори со ветераните Џони Еванс и Том Хитон околу продолжување на соработката, а продолжен е и договорот на Омари Форсон.