ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Христијан Мицкоски во 12 часот за денеска закажа прес конференција во Собранието

Христијан Мицкоски во 12 часот за денеска закажа прес конференција во Собранието

144

На ден пред истекот на крајниот рок се очекува претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова да му го додели мандатот за формирање на нова влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој во 12 часот за денеска закажа прес конфееренција во собранието.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека владата ќе биде формирана согласно уставните рокови, а од коалицијата „ВРЕДИ“, со која ВМРО-ДПМНЕ преговара, очекуваат за три до четири дена да има конечен договор. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски вчера изјави дека според неговите очекувања новата влада би можела да биде формирана малку порано од крајниот рок, но дека се уште се во тек разговорите меѓу вмро-дпмне, вреди и знам.

Откако Сиљановска Давкова ќе го додели мандатот, рокот за составување влада е 20 дена.