ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Еве што најави Бујар Османи – По нападот на Иран кон Изреал

Еве што најави Бујар Османи – По нападот на Иран кон Изреал

130

По нападот на Иран врз Израел и најавите за возвраќање, МНР утрово формираше кризен штаб надлежен да ги извлече македонските државјани од Блискиот исток ако има потреба за тоа. Истите луѓе кои помагаа во извлекувањето на државјаните во октомври 2023 се ангажирани и сега.

– Извлекувањето ќе зависи од работењето на аердромот во Тел Авив кој утрово беше отворен повторно. По копно, единствена рута е патот преку Јордан. Во Израел има 40 до 50 државјани меѓу кои и семејствата на диполоматскиот персонал во Тел Авив. Најголем дел беа извлечени при нападот на Хамас врз Израел.

За жал предупредувањата за ескалација на состојбата на Блискиот исток се остварија, секое насилство е за осуда без разлика дали е од Израел, Иран и ли Хамас. Ги осудуваме сите дејствија, како што ги осудивме претходните и како што ќе ги осудиме следните одмазднички напади кои се најавени.

Потсетуваме на тешката ситутација на цивилното население во Газа за кое одговорност сноси и Израел за страдањата на цивилите. Заедно со војната во Украина, нова регионална криза на Блискиот исток може да влијае врз меѓународниот мир и стабилноста – рече Османи на вонредна прес-конференција.

ПретходнаМВР добило известување дека Грујевски е приведен во Хрватска, но денеска е ослободен
СледнаМисајловски: Ни треба голема мобилизација на овие избори, ги повикувам сите граѓани да излезат