ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Убиство во Македонија: Маж убиен со автоматска пушка, ова се деталите од...

Убиство во Македонија: Маж убиен со автоматска пушка, ова се деталите од МВР

31

Полицијата, во вчерашниот полициски билтен, ги сподели детали за убиството во тетовско Боговиње.

На 2. јуни во 10.30 часот на улица “Цветaн Димов” во Тетово полициски службеници го лишиле од слобода М.М.(50) од тетовско Боговиње, кoј бил со патничко возило „БМВ” со тетовски регистарски ознаки. Тој се сомничи дека околу 10.15 часот во угостителски објект во село Боговиње со огнено оружје го усмртил А.Џ.(47) од истото село, со кого имале претходно меѓусебно нетрпение.

При преглед на возилото е пронајдена и одземена една автоматска пушка, соопштија од полицијата.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува пријава. Увид извршија Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.