ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

112

Само три хируршки сали работат во Клиничкит центар „Мајка тереза“ поради чудна миризба во хируршкиот блок, објави Канал 5.

Во трите сали има само исклучително итни операции. Останатите се затворени, а од центарот не знаат кога ќе се вратат во функција. Од Министерството за здравство два дена нема објаснување.

Надзор на Хирургија направиле од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, но немаат ингереенции да постапуваат понатаму освен да информираат за фактичката состојба

Пациентите се препрафлаат во другите болници во метрополата. Љубен Арсенков од Клиниката за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје вели дека се засилени екипите во втора и трета смена. Христијан Костов од ГОБ 8 Септември информира дека бројот на пациенти во нивниот ургенетн центар е речиси удвоен, а на одделите има прекуброен број на кревети.