ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР ФК Вардар се најде на листата на УЈП, должи 800.000 евра

ФК Вардар се најде на листата на УЈП, должи 800.000 евра

133

Управта за јавни приходи (УЈП) објави листа на фирми и физички лица кои должат на државата како даноци, придонеси, акцизи и царини. На таа листа се најде и фудбалскиот клуб Вардар кој должи 48.660.207 денари, или околу 800.000 евра.

ФК Вардар веќе неколку години се соочува со финансиски проблеми. Клубот играше и во Втора лига, минатата година преку бараж се врати во „елитата“, а сега повторно го очекува бараж со Детонит за опстанок во ПМФЛ.

Освен Вардар, на листата должници на УЈП нема други фудбалски клубови. Сепак, вреди да се напомене дека на листата се најдоа правни лица кои имаат долг повисок од 300.000 денари.