ПОЧЕТНА СВЕТ Сопругата на Зеленски во посета на Белград- ја дочека сопругата на Вучиќ

Сопругата на Зеленски во посета на Белград- ја дочека сопругата на Вучиќ

134

Сопругата на претседателот на Украина, Олена Зеленска е во билатерална посета на Белград, која ја започна со обиколка на градската библиотека во Белград во друштво на сопругата на претседателот на Србија, Тамара Вучиќ.

Во библиотеката на град Белград, Зеленска го посети археолошкиот локалитет со изложбата „Римска сала“, како и „Украинската полица“, катче од библиотеката со украински книги што е основана под нејзин патронат, објави Телеграф.

Таа имала можност да ги види и белградските четири евангелија од 16 век, првата книга отпечатена во Белград.

Градската библиотека во Белград на сопругите на претседателите на Србија и Украина им подари членски книшки и им додели монографии издадени по повод 90-годишното работење на институцијата.

Тамара Вучиќ и Олена Зеленска ги посетија паркот Калемегдан и белградската тврдина.

За време на посетата, сопругата на претседателот на Украина слушнала малку повеќе за историјата на Белград, за белградскиот Виктор, Споменикот на благодарноста на Франција и други симболи на главниот град на Србија.

Зеленска имаше можност да слуша аудио водич за тврдината, што од април е достапен на украински.

Во присуство на сопругите на претседателите на Србија и Украина, во Ректоратот на Универзитетот во Белград беше потпишан договор за научна, образовна и културна соработка меѓу Универзитетот во Белград и Националниот универзитет во Киев „Тарас Шевченко“.

Договорот го потпишаа ректорот на белградскиот универзитет Владан Ѓокиќ и проректорот за научна и педагошка работа на Националниот универзитет „Тарас Шевченко“, Ксенија Смирнова.

На обиколката присуствуваа министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и амбасадорот на Украина во Белград, Володимир Толкач.

ПретходнаАко е јунак, Силјановска-Давкова ќе упати раскинувачка нота до Атина – порачува Ванковска
СледнаВЛЕН: Добро е што Силјановска ја потпиша заклетвата со „Северна“