ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Лебот нема да поскапи во следните два месеца, велат од Агро-бизнис комората

Лебот нема да поскапи во следните два месеца, велат од Агро-бизнис комората

19

„Големиот притисок и проблеми што ги имаме се од друга природа, тоа се проблемите со човечките ресурси, големиот одлив на човечки ресурси особено од оние што работат на овој сегмент и што одат во другите земји. Проблем е и ликвидноста на компаниите кои се соочуваат со недостиг на финансии“, велат од Агро-бизнис комората

Во наредните еден и пол или два месеца нема да има промена на цената на лебот и на останатите основни прехранбени производи во земјава, велат од Агро-бизнис комората.

Како што велат оттаму, по месец или два, повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите на Блискиот Исток, како и поради поскапувањето на нафтата кое може да значи потенцијална повисока цена на суровините во прехранбената и општо, во целата индустрија.

„Да, се евидентираат промени на берзите за жито бидејќи стигнаа информации од надворешната страна односно од големите производители како што се Украина и Русија дека таму не се знае како ќе течат жетвите заради воените дејствија и тоа влијае на берзата. Меѓутоа мислам дека ФАО истакна некој процентум на зголемување на цената на житото. Тоа сепак е незначително и од Агро-бизнис комората тврдиме дека во наредниот период ќе има стабилност на цените на прехранбените производи, барем во сегментот на основните прехранбени производи како што се житото, пекарските производи“, рече Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората одговарајќи на новинарски прашања пред тркалезна маса за зелени иновации.

Сепак Ѓорѓиевски вели дека големиот притисок и проблеми што ги имаат се од друга природа, односно тоа се проблемите со човечките ресурси кои заминуваат во западните и туристичките земји како Грција и Хрватска.

Ѓорѓиевски укажа и на високите каматни стапки. Банките, рече тој, тешко одобруваат кредити и тешко овозможуваат пристап до финансии со соодветно ниска цена.

ПретходнаПроверувајте ги сметките: Почна исплатата на парите од „Мој ДДВ“
СледнаДИК: Во дијаспората гласале 25,38% , над 60% во затворите и над 80% од болните и немоќните