ПОЧЕТНА СВЕТ Израелска министерка потврди дека Израел го нападна Иран и порача дека „Израел...

Израелска министерка потврди дека Израел го нападна Иран и порача дека „Израел не е наивен“

186

Членка на потесниот состав на израелската влада, задолжена за безбедноста, министерката за транспорт Мири Регев, потврди дека Израел го нападна Иран како одговор на иранскиот напад со ракети и дронови во април.

Израел официјално не ја презема одговорноста за нападот на Исфахан, потсетуваат израелските медиуми.

„Одговоривме со порака која ја прими Иран и светот дека Израел не е наивен“, кажа Регев синоќа за телевизискиот Канал 14.

Таа е прва израелска функционерка која го потврдила нападот на Израел и оцени дека земјата успеала да ги пресретне дроновите кои ги лансирал Иран, и дека уште ќе се зборува што би можело да се случи ако еден паднал во Израел.

На констатацијата дека владата се согласила благо да одговори на првиот директен напад на Израел од Иран министерката кажа дека е одговорено и дека пораката е испратена.

„Сега мораме да дејствуваме одговорно и да видиме како да управуваме со сите фронтови, додека Газа и враќањето на заложниците, како и елиминирањето на Хамас, се главните битки“, кажа израелската министерка.

По израелскиот напад на Исфахан, Иран соопшти дека нема да одговори иако може тоа да го направи.

Техеран истакна дека штетата предизвикана на воздухопловната база е минимална, најверојатно за да избегне понатамошна ескалација и регионална војна.

Иранската војска на 13 април во соработка со сојузниците во Ирак, Хезболах и јеменските Хути изврши одмазднички напад на Израел со дронови, крстосувачки и балистички ракети.

Тоа беше одмазда за израелското бомбардирање на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, во кој беа убиени двајца ирански генерали.

Израелската војска собори голем број проектили, но со помош на американските, британските, француските и јорданските воздухопловни сили.

Израел на 19 април гаѓаше дел од воздухопловниот одбранбен систем во Исфахан.

ПретходнаМицкоски: Не би се изненадил ако имаме 61 пратеник
Следна40 дена притвор за македонски државјанин баран со меѓународна потерница