ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ахмети: На 8. мај Биљал Касами ќе добие нокаут

Ахмети: На 8. мај Биљал Касами ќе добие нокаут

164

Лидерот на ДУИ Али Ахмети од Боговиње рече дека го предупредил Билал Касами дека на 8 мај треба „да го фрли белиот пешкир во рингот“ за, како што рече Ахмети, да не добие класичен нокаут, јавува ТВ21.

Ахмети додаде дека лидерите на ВЛЕН се 20 години на власт и рече дека не се опозиција.

„Без да сакам да ги омаловажувам албанските противници кои се обединија, кои велат дека се опозиција, но сите се на власт 20 години, тие не се опозиција, да бидеме искрени“, рече Ахмети.