ПОЧЕТНА ЗАБАВА Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

43

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп во организација на клубот „Брејк а Лег“. Повеќе од 4.500 натпреварувачи, од над 30 земји од 5 континенти ќе ја посетат Македонија и ќе се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“ во повеќе возрасни категории.

„Со ова Светско првенство се промовира македонската култура, уметност и традиција а ќе понуди одлична програма за љубителите на танцот и на сите граѓани. Студиото ‘Брејк а Лег’ има освоено бројни награди на меѓународни натпревари што е потврда дека во Македонија има квалитетни танчери со неверојатни вештини“, порача градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

ПретходнаПретрес во Мала Речица, пронајдена дрога
СледнаНБА плејоф: Пласман на Бостон, Далас блиску до полуфиналето