ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Починатата девојка во Штип била во посета на мајка ѝ во затвор

Починатата девојка во Штип била во посета на мајка ѝ во затвор

504

Девојката од Кавадарци (26), која пред два дена била пронајдена мртва во куќа во близина на црквата „Свети Никола“ во Штип, била ќерка на жената која пред две години во Кавадарци си го убила партнерот, а потоа го запалила неговиот труп.

Девојката била во Штип како потстанар, во посета на мајка ѝ во штипскиот затвор. Се чекаат резултатите од обдукцијата, а СВР Штип работи на расчистување на случајот.

На 28 септември во 2022 година била приведена М.Б. (51) од Кавадарци поради сомневање дека на 6 септември таа година си го убила партнерот И.М. (70).

М.Б. убиството го извршила со остар предмет, а потоа истурила запалива течност врз телото, го запалила и го напуштила местото. Таа во службен разговор го признала убиството.