ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

85

Советот на општина Тирана на денешната седница донесе одлука со која за почесен граѓанин го прогласи претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, јавија медиумите.

– На предлог на градоначалникот Ерион Велиај, Советот на општина Тирана денеска едногласно одлучи да му додели титула „Почесен граѓанин“ на албанскиот политичар Али Ахмети, во знак на благодарност за целиот негов придонес кон албанската заедница во Северна Македонија, јавија медиумите.

Титулата почесен граѓанин на Ахмети се очекува да му биде врачена на 2 мај, од страна на Велиај.

Претходно за почесен граѓанин Ахмети беше прогласен во косовскиот град Призрен.