ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВОНРЕДНО: Прв посериозен инцидент за изборите – се огласија од МВР

ВОНРЕДНО: Прв посериозен инцидент за изборите – се огласија од МВР

1764

Полицајци од СВР-Тетово утрото во еден часот по полноќ привеле 19 годишник и еден малолетник откако добиле пријава дека со автомобил оделе низ тетовски села, во период на предизборен молк и лепеле плакати за претстојните претседателски избори.

„19 годишникот и малолетникот биле затекнати во тетовското село Синичане, и двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори. Со нив е извршен службен разговор во полициското одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.