ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

34

Од 19.50 часот започнал пожар на дива депонија над расторанот „Дарданија“ во Општина Боговиње. Во гаснењето на пожарот интервенирале три пожарникари со едно ПП возило и еден ренџер од Националниот парк „Шар Планина“.

Два поголеми пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи. Според информациите од ЦУК, гореле диви депонии во општините Желино и Боговиње.

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во периодот од 18.00 до 19.30 часот со едно против-пожарно возило. тројца пожарникари од Тетово интервенирале на запалена дива депонија во атар на с.Церово, Општина Желино.

ПретходнаДимитриевски во Велес: Нема коалиција додека не се потпишат и дефинираат црвените линии
Следна(ВИДЕО) Хаос во Белград: Жестока тепачка на Гробари и Делии пред големото фудбалско дерби