ПОЧЕТНА СВЕТ Кај 19-годишна скопјанка пронајдена дрога по полноќ, „падна“ уште еден дилер

Кај 19-годишна скопјанка пронајдена дрога по полноќ, „падна“ уште еден дилер

121

Денеска во 00.05 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Ц.(19) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата.

Во друг случај, полицијата уапси маж, исто така за дрога.

– Вчера во 23.00 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.К.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, наведуваат од полицијата за другиот случај.

Претходна(Видео) Џафери наполни 62 години – На тортата напишано „ Среќен роденден премиере“
СледнаДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието