ПОЧЕТНА СВЕТ Убијците воопшто немаат каење: 20 дена трае потрагата по Данка – тие...

Убијците воопшто немаат каење: 20 дена трае потрагата по Данка – тие не откриваат каде е телото

18

Исчезнувањето на Данка Илиќ било пријавено на 26-ти март, а девет дена подоцна работниците на „Водовод“ од Бор, Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот и Срѓан Јанковиќ (50) од село беа уапсени.

Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ од Бор. Полицијата го пребарува теренот од селото Злот, кон селото Шумраковац, каде има неколку депонии и резервоари со вода.

Еден од осомничените за убиството на рочиштето признал дека го преместил телото, што ја отежнува работата на полицијата.

Припадниците на Управата за криминалистичка полиција (УКП) од Белград и Бор интензивно работат на пронаоѓање на телото на малата Данка и утврдување на сите факти и околности поврзани со овој случај.

Исчезнувањето на Данка Илиќ било пријавено на 26-ти март, а девет дена подоцна работниците на „Водовод“ од Бор, Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот и Срѓан Јанковиќ (50) од село беа уапсени.

Двајцата осомничени на рочиштето во полиција го признаа тешкото убиство, а Драгијевиќ детално го раскажа трагичниот настан во обвинителството и рече дека откако го удрил девојчето со службената „фиат панда“, ја задавил Данка и телото го фрлил на депонија. Тој исто така призна дека два дена подоцна го префрлил телото на локација која уште е непозната за истражителите.

Сите околности на овој монструозен чин уште се утврдуваат и потрагата по телото на девојчето продолжува. Според шефот на МУП на Србија, Драгијевиќ и Јанковиќ не покажале ни трошка каење додека биле испрашувани за девојчето, а првото нешто што ги издало било полиграфското тестирање, иако веднаш не паднале, давале различни одговори и одолговлекувале.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПретходнаПендаровски од Куманово: Овие пет години не зборуваме за меѓуетнички тензии
СледнаСе шири пожарот на Шара – потенцијална опасност и за селото Селце