ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Се шири пожарот на Шара – потенцијална опасност и за селото Селце

Се шири пожарот на Шара – потенцијална опасност и за селото Селце

39

Пожарот на село Селце не е локализиран. Напротив, тој е проширен, информираат од Јавната установа Национален парк „Шар планина“.

Од утрово на терен се девет ренџери, тетовските пожарникари, а во гаснењето на пламените јазли помага и локалното население.

И денеска се очекува помош за гаснење од воздух, иако вчера воздухопловните сили на министерството за внатрешни работи исфрлија седум ведра вода.

Пожарот на село Селце се појави на 11 април, на тешко пристапен и оддалечен терен, локација која и претходно горела. Иако во саботата беше ставен под контрола, поради неповолните временски услови состојбата дополнително се влоши.

ПретходнаУбијците воопшто немаат каење: 20 дена трае потрагата по Данка – тие не откриваат каде е телото
СледнаОсмани ја кани Силјановска Давкова на ТВ дуел