ПОЧЕТНА СВЕТ Два дена лежел мртов во кабината од камионот: Возачот Дејан Д. пронајден...

Два дена лежел мртов во кабината од камионот: Возачот Дејан Д. пронајден починат во својот камион во Швајцарија

1010

Возач на камион од Сремска Митровица доживеал трагедија зад воланот на српска компанија во Швајцарија. Според информациите, на паркинг на камион што го управувал за српска фирма бил пронајден починат Дејан Д..

Се уште не е позната причината за трагедијата. Припадници на швајцарската полиција како и медицински персонал излегле на терен и за жал само констатирале смрт. За се е информирана фирмата, семејството и државната служба во Швајцарија.

Професионалните возачи на Фејсбук се прашуваат, како е можно возачот Дејан два дена да лежел во камионот, а компанијата да не ги алармирала надлежните институции, другите возачи да му помогнат на човекот?

-Како е можно два дена никој од фирмата во која работел да не контактирал со него, односно како не реагирале кога сфатиле дека човекот два дена не се јавувал!?

Семејството и пријателите се збогуваат со Дејан со трогателни објави на социјалните мрежи…

ПретходнаЗошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?
СледнаИ СДСМ и ВМРО ДПМНЕ го отфрлија условот од ДУИ за избор на претседател во Собранието