ПОЧЕТНА СЛАЈДЕР Синот на Станковиќ е во болница: Имаме многу важен „натпревар“, мора да...

Синот на Станковиќ е во болница: Имаме многу важен „натпревар“, мора да бидам со него!

120

Легендарниот српски фудбалер, Дејан Станковиќ утре нема да биде на клупата на Ференцварош каде што е тренер, затоа што неговиот син е во болница и тој сака да биде со него.

Дејан Станковиќ открива дека неговиот син веќе неколку дена е во болница во Милано и сака да биде покрај него.

„Поздрав до сите, сакам да ви кажам дека сум во Милано со синот кој веќе три дена е во болница. Има многу важен „натпревар“ и мораме да бидеме заедно и да играме заедно. Се надевам дека во наредните три, четири дена ќе ги добиеме сите резултати и ќе почнеме со рехабилитацијата“, отркива Станковиќ.

„За жал нема да бидам утре на клупата, но верувам во своите играчи, во својот клуб, во сите во стручниот штаб. Тоа е само еден натпревар, а јас имам поважен со мојот син. Семејството е на прво место во овој случај. Ние сме добро и во иднина ќе бидеме уште подобри“.

Не е познато зошто синот на Станковиќ е во болница.

ПретходнаМицкоски од Зелениково: Ова е последната шанса за да ја промениме оваа грда реалност
СледнаПетрова: Поништен огласот за вработување на 1.117 здравствени работници