ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски од Зелениково: Ова е последната шанса за да ја промениме оваа...

Мицкоски од Зелениково: Ова е последната шанса за да ја промениме оваа грда реалност

38

Живееме во едно политичко мочуриште во кое што за жал граѓаните се чувствуваат дека се граѓани од втор ред.

Имаме неколкумина околу Али Ахмети кои се дел од ДУИ и неколкумина нивни измеќари кои се дел од СДСМ кои што се задоволуваат со по некоја коска, некој наместен тендер и молчат и така функционираат како граѓани од прв ред, небаре Македонија ја наследиле од нивните предци, а останатиот дел без разлика на етничката или политичката припадност се чувствуваат како граѓани од втор ред, обесправени, засрамени, опљачкани и затоа најголемиот дел од нив одлучуваат да ја напуштат Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Зелениково во рамки на претседателската кампања.

Мицкоски посочи дека порано се празнеле селата и си оделе младите, но денеска после 7 години власт на СДСМ и ДУИ се празнат и градовите, но си заминуваат и цели семејства.

Порано се празни селата, па велевме Македонија е празна, селата се празни, денеска тоа е стара вест, селата одамна се празни, сега почнуваат и градовите да се празнат. Младите си заминуваат, 8 од 10 мои студенти одлучуваат после дипломирањето да заминат надвор од Македонија. Но, можам да кажам дека и тоа е стара вест, сега веќе и луѓе во средни години од 40, 45 или 50 години заедно со своите семејства го пакуваат животот во неколку куфери и заминуваат да почнат нов живот далеку од Македонија. Таа е суровата реалност во која денеска ние живееме, рече тој.

Мицкоски истакна дека од ветениот живот и од едно општество за сите кои го ветуваше СДСМ денеска тоа се претвори во општество за неколкумина.

Од тоа едно општество за сите и живот за сите, паролата се претвори во општество за неколкумина. И практично се што ветија направија спротивно. Го разочараа народот, додаде тој.

Мицкоски ја побара поддршката од граѓаните на општина Зелениково најпрво на 24 април, а потоа на 8 мај за нов претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова и вети многу работа и многу проекти за сите граѓани.

Ова е последната шанса. Јас знам дека можеби и ВМРО-ДПМНЕ во минатото имало по некоја грешка. Никој не е идеален, но никогаш тие грешки не биле катастрофални и девастирачки како тоа што го правеа владите на СДСМ, смета тој, се наведува во партиското соопштение.

ПретходнаИмам план за сосема нов Устав, рече Ванковска во Охрид
СледнаСинот на Станковиќ е во болница: Имаме многу важен „натпревар“, мора да бидам со него!