ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ванковска: Да се укинат Охридскиот, Преспанскиот и бугарскиот договор, нè влечат надолу

Ванковска: Да се укинат Охридскиот, Преспанскиот и бугарскиот договор, нè влечат надолу

60

Кандидатката за претседател од Левица, професорката Билјана Ванковска, како и носителот на листата за пратеници од ИЕ4, Сашко Јанчев, одражаа средба со граѓаните во Богданци и Гевгелија на која, презентирајќи делови од своите програми, нагласија дека ги потврдуваат своите ставови за укинување, како што особено нагласи Ванковска, трите штетни договори кои ја влечат нашата татковина надолу – Охридскиот, Преспанскиот и бугарскиот договор.

Ванковски рече дека членувањето во некои идни сојузи не смее да биде заради интерес на некои други држави и геостратегии, туку само заради, како што нагласи, интересите на Република Македонија и на нашиот македонски народ.

Таа разговараше со жителите за проблемите во земјоделството и за заштитата на животната средина. Ванковска истакна дека земјоделството е една од најзначајните гранки за жителите од овој крај и дека токму заради тоа не смее да се дозволи да се уништуваат земјоделските површини за сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели на обработливи површини.

Сашко Јанчев потсети дека овие избори немаме право на грешка, тие се судбоносни за нашиот народ и држава, дали ќе не биде или не. Не смееме 33 години да гласаме за истите партии, а истовремено да очекуваме напредок. Со СДС, ДУИ и ДПМНЕ, ниту напредок е можен, ниту силна држава.

Ванковска и Јанчев положија цвеќе на Спомен плочата на протераните Евреи од Гевгелија за време на фашистичката окупација на Македонија, како и на Костурницата на паднатите борци од НОБ од Гевгелија

ПретходнаКовачевски: Во новиот мандат гарантираме дека просечната плата ќе достигне до 1.100 евра а минималната плата 600 евра
СледнаПриведен арачиновец – летал дрон во близина на касарната „Гоце Делчев“