ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ужас на клучката кај Смилковци: Полицијата запрела возило за контрола, па во...

Ужас на клучката кај Смилковци: Полицијата запрела возило за контрола, па во нив се забил автомобил

830

Автомобил удри во две возила од кои едното полициско, на скопската обиколница во близина на клучката Смилковци.

Од МВР велат дека вчера патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(28) од Скопје, удрило во патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С.(47) од Гостивар, кои претходно биле запрени поради вршење на контрола.

Во незгодата со телесни повреди се здобил мажот кој бил запрен од полицијата, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид.

ПретходнаРусија официјално ја обвини Украина за масакрот во Москва
СледнаГрадежници од Косово го преплавија Скопје – градат куќа за само 7 дена, наплаќаат 300 евра по квадрат