ПОЧЕТНА СВЕТ И натаму расте бројот на жртви од терористичкиот напад во Русија –...

И натаму расте бројот на жртви од терористичкиот напад во Русија – ова се новите детали

84

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека бројот на загинати во терористичкиот напад на Crocus City Hall во предградието на Москва се искачи на 143.

Како што соопшти претходно денеска Рускиот истражен комитет, веќе се идентификувани телата на 84 жртви. Меѓу нив има пет деца на возраст од девет до 16 години.

Нападот на концертната сала Crocus City Hall во Красногорск кај Москва се случи во петокот вечерта, кога неколку вооружени терористи во маскирни униформи влегоа во објектот и отворија оган врз присутните.

Тие активирале експлозивни направи на повеќе места, што предизвикало пожар, поради што се урнал покривот, а концертната сала целосно изгорела.

ПретходнаНеуспешен политички маневар: Формирањето коалиција нема да го ублажи поразот на ДУИ, вели Мицкоски
СледнаНа двојните избори на 8 мај ќе може да се оди само еднаш на гласање